Ахмети се сретна со амбасадорската шесторка

Од:

Амбасадорите на Италија, Франција, Германија, САД, Велика Британија и на ЕУ денеска по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети го оценија како конструктивно однесувањето на партијата за време на настаните од викендот и оценија дека како член на владината коалиција ДУИ ја дели одговорноста за унапредување на демократските вредности и принципи во земјата.

– Ја поздравуваме конструктивната улога на ДУИ за време на викендов вклучувајќи го и учеството на состанокот на Националниот совет за безбедност. Се надеваме дека ДУИ ќе продолжи со истиот конструктивен пристап да работи со сите страни и со сите институции. Како член на владината коалиција ДУИ ја дели одговорноста за унапредување на демократските вредности и принципи.
Затоа партијата има обврска да помогне во изградбата на институциите на државата и да осигура дека откриеното во објавените прислушувани разговори ќе биде целосно истражено на транспарентен и веродостоен начин. Се надеваме дека ДУИ ќе заземе став и ќе го искористи своето влијание за доброто и иднината на сите македонски граѓани, изјави италијанскиот амбасадор Ернесто Белели по разговорите со Ахмети во име на сите амбасадори.

Шестмината амбасадори денеска попладне ќе имаат средба и со лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Амбасадорската шесторка вчера одржа средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир

Влен: Граѓаните со години гледаа како неколку луѓе крадат и се збогатуваат, додека ДУИ чуваше стража

Горан Наумовски

ДУИ: Го предизвикуваме Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори без привилегии на власта

ДУИ: Македонија не е, и никогаш нема да стане „третата српска република“

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник