Безбедносните служби во функција на државата, а не на партијата

Од:

Либерално-демократската партија изразува длабока почит за храброста и решителноста на макeдонската полиција, која во овие тешки денови за државата, покажа голема пожртвуваност и храброст бранејќи го суверенитетот, безбедноста и слободата на сите македонски граѓани.

Воедно, сакаме да го израземе нашиот гнев и осуда кон раководителите на безбедносно-разузнавачките служби на државата за пропустите, несинхронизираноста и погрешните проценки кои ги направија при планирањето на акцијата во Куманово, која однесе 8 жртви и остави четириесеттина повредени полицајци.

За жал и овој случај придонесе кон разобличување на првите луѓе на безбедносните служби кои наместо да се занимаваат со работата за која се платени, во изминатиов период се занимавале со следење на опозиционери, новинари, бизнисмени, шетале со партиски тефтери за вработувања, партизирајќи го целиот систем со неспособни и нестручни кадри. Договарале тендери, местеле судии и јавни обвинители, лечеле лични фрустрации преку изживување врз недолжни граѓани.
Лицемерието и безобразието на оваа власт отиде дотаму, што сега се обидуваат нечистата совест и крвавите раце, да си ги измијат со финансиски надомест за семејствата на загинатите и повредени полицајци во Куманово.

Како само ја одредивте цената на еден човечки живот?

Јасно е дека нема цена за изгубенот живот, нема цена за болката која им е нанесена на семејствата на загинатите. И на крај, нема пари што ќе може да ги амнестираат од одговорност премиерот Никола Груевски, директорот на УБК, Сашо Мијалков и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

За жал со овој случај по којзнае кој пат се потврдува недовербата на граѓаните во институциите на дрќавата, што е еден од главните проблеми на оваа власт.

Вашите оставки веќе не се доволни за да ве спасат од сите злодела што им ги направивте и се уште им ги правите на граѓаните.

За сите сторени зла ќе одговарате и пред вашата нечиста совест, но и пред македонските судови и народот на Р. Македонија.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра