Die Welt: Соседите на Македонија долеваат масло на огнот

Од:

Состојбата во Македонија по немирите овој викенд се уште не е стабилизирана, а соседните земји долеваат масло на огнот, пишува германскиот конзервативниот весник Die Welt.

Весникот наведува дека од Албанија и Косово до владата во Скопје пристигнуваат отворени закани. Билансот на жртви од судирот меѓу „една албанска банда“ и македонската полиција во која загинаа вкупно 22 лица и уште повеќе се повредени, пишува весникот додавајќи дека и во политиката се развива една динамика којашто би можела уште повеќе да ја влоши состојбата, наместо да ја смири.

Владата во Тирана реагирала на развојот на настаните во соседна Македонија, како што се наведува, преку нескриени закани, укажувајќи дека заострувањето на етничкиот конфликт би било разорно за Македонија и побарала од Скопје да се погрижи за подобри права на албанското малцинства.

Во Албанија се смета како можност, варијантата македонскиот шеф на владата да го испровоцирал конфликтот со дел од албанското малцинство, како би ја осигурал својата владејачка позиција, пренесува Die Welt, и потсетува дека од февруари постојат протести против премиерот Никола Груевски, чија оставка се бара од страна на опозицијата, поради сознанијата за наводно шпионирање и надгледување на 20 илјади луѓе, меѓу кои и новинари, политичари и амбасадори.

Весникот пренесува и дека шефот на српската Военобезбедносна агенција, Петар Цветковиќ ги обвинил западните сили дека го поддржуваат проектот „Голема Албанија“ и додал дека Белград го предупредил македонските власти за нападите од Албанците милитанти.

Во Македонија, пак, лично премиерот Никола Груевски говореше за победа, тврдејќи дека полицијата, во акција против една албанска група, го спречила убиството на осум илјади луѓе, пишува Die Welt, оценувајќи дека тоа очигледно било големо претерување и знак дека владата во Скопје сака состојбата да ја искористи за внатрешно-политички цели.

Според Die Welt, состојбата е премногу сложена за да може брзо да се разреши и дека од друга страна за сите учесници има уште многу работи кои се во игра и дека на крајот би можело да има и некаков спас.

Укажувајќи дека Косово и Албанија се за целосна интеграција во Европската унија и дека Србија, како кандидат за членство во ЕУ и Бугарија како член на ЕУ ја имаат предвид бриселската перспектива, весникот порачува дека на овој начин тезата дека ЕУ е незаобиколив факор на стабилност на Балканот, во случајот на Македонија е повеќе од една празна фраза.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра