Ролат од кокос за 10 минути

Од:

За денешниот ручек подгответе го ова слатко задоволство …

Потребно е:
150 гр бисквити (Petite beure или сл.)
150 гр кокос
50 гр путер
200 гр шеќер
100 мл млеко

за глазурата:
120 гр чоколадо за готвење
50 гр путер
2 лажици масло

Подготовка:
– Бисквитите ситно иситнете ги во блендер. Додадете ги и останатите состојки и повторно измелете ги сите заедно.

– Извадете ја смесаа и формирајте ролат со дебелина по желба.

– Во сад на рингла ставете го чоколадото, маслото и путерот и растопете ги. Со оваа чоколадна глазура премачкајте ги ролатите.

– Оставете ги да се излади и да се стегне чоколадото.

– Ролатот од кокос најдобро е да го држите во фрижидер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска