„Фејсбук“ подготвува пребарувач за мобилна апликација

Од:

Најголемата социјална мрежа „Фејсбук“ подготува енџин на интернет пребарувач за мобилна апликација, пренесува „ТечКрач“.

Неколку корисници на иОС платформата веќе забележале опција „додади линк“ веднаш до тастерот за додавање фотографија, локација и расположение. Корисниците може да пребаруваат по клучни зборови во оваа функција, а „Фејсбук“ ќе предложува соодветни предметни вести за внесување.

Објавувањето линкови на „Фејсбук“ е чудно, па оваа промена има за цел да го олесни и тој процес. „ТечКранч“ пишува дека ваквата надградба е поврзана со неодамнешните напори на „Фејсбик“ да воведе содржини од популарните медиуми директно на својата страница.

„Фејсбук“ сака да биде домаќин на содржините и да овозможи корисниците да пребаруваат приказни преку сопствената апликација, што значи дека компанијата сака да го олесни читањето и споделувањето на вести без потреба да се напушти социјалната мрежа.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он