Компир пита

Од:

Подгответе ја денес оваа вкусна пита …

Потребно е:
20 гр свеж квасец
200 мл вода
1 лажиче шеќер
4 средно големи компири
300 гр брашно
прстофат свеж рузмарин
1 лажиче сол
2 лажици маслинов зејтин + за премачкување
морска сол
сусам

Подготовка:
– Компирите измијте ги и варете ги 20-тина минути во солена вода. Исцедете ги, излупете ги и испасирајте ги. На испасираните компири додадете им сол по вкус и оставете да се изладат.

– Во еден сад ставете вода, шеќер и додадете го квасецот. Садот оставете го на топло за да стаса квасецот. Во стасаниот квасец додадете маслиново масло и промешајте.

– Во изладените компири додадете ги брашното, ситно сецканиот рузмарин и надојдениот квасец. Замесете меко тесто. Покријте го со памучна крпа и оставете го да стаса.

– Големата тава од рерна премачкајте ја со малку масло.

– Стасаното тесто благо размесете го истенчете го со раце толку за да може да го префрлиме во тавата без проблем. И во тавата продолжете со тенчење на тестотои тоа од средината кон краевите на тавата. Дебелината на тестото треба да биде како тоа за пица.

– Тестото премачкајте го со маслиново масло, малку посолете го и посипете го со сусам.

– Така подготвеното тесто исечете го на парчиња со големина по желба и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути, односно додека не порумени.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска