(ИНТЕРВЈУ) Митевски: Неискусни полицајци биле ставени во ситуација да гинат во самите возила на влезот од Дива населба

Од:

Имам информации дека на околу 50 отсто од безбедносните сили ова им била прва акција и се ставени во таква ситуација да гинат во самото возило на влезот од Дива населба, вели поранешниот директор на безбедносните служби во МВР и полициски генерал Горан Митевски кој за „А1ON“ ги толкува случувањата во Куманово и нивната поврзаност со политичката криза во Македонија.

Според него, МВР не фати терористи, туку платеници со криминални досиеја кои не претставувале закана за Македонија и за регионот, туку дека се осмислено и испланирано донесени во Куманово. Митевски вели дека по ова ќе биде погубно за земјава доколку Груевски не потклекне на притисокот од меѓународниот фактор да поднесе оставка и да дозволи формирање на техничка Влада.

Премиерот и министерката изјавуваат дека акцијата во Куманово за разбивање на терористичка група била успешна. Колку е успешна акција во која имаме загинати осум полицајци и повредени 38, освен убиените т.н терористи?

Изјавата на државниот врв во врска со успешноста на акцијата е контрадикторна. Прво министерката Јанкулоска изјави дека биле загрозени витални објекти во Куманово. Според мене такви објекти во кумановскиот регион не постојат и не знам кои тоа објекти би биле цел на терористичката група. Премиерот даде изјава дека 8.000 луѓе се спасени, дека можеле да бидат жртви на нападот. За цела 2001 година, пред почетокот на секоја акција месното насление се иселуваше за да не дојде до цивилни жртви. Ако е точно тоа што го кажа претседателот Иванов дека знаеле за групата пред почетокот на оваа година, нејасно е зошто акцијата е преземена во градска средина и биле загрозени цивилни животи, зошто месното населене не е дислоцирано пред почетокот на самата акција?

Освен евакуција, сигурно постајат други начини да се совлада групата, преку прекин на водоснабдување и електрична енергија постепено да се неутрализира?

Наводно групата била во селото Отја пред да се спушти во Дива населба во Куманово. Зошто групата не е пресечена на патот од село Отја пред да влезе во градска средина? Треба некој во МВР да даде објаснувања. Најуспеша акција би било кога би била надвор од градска средина, кај што можеле комплетно целата група да ја неутрализираат, без жртви на безбедносните сили, ниту животите на едницита да бидат загрозени.

Дали е тогаш ова резултат на неспособноста на МВР да се справи со вакви закани, или станува збор за нешто друго?

Јас од почеток на оваа криза зборувам дека ова претставува дефокусирање на јавноста од бомбите на опозицијата, и целта е да се спречи големиот митинг што го најави опозцијата за 17-ти мај. Според мои информации во самата акција учествувале многу неискусни припадници на специјалнтие едници. На околу 50 отсто од безбедносните сили ова им е прва акција и се ставени во таква ситуација да гинат во самото возило на влезот од Дива населба. Тоа е многу непрофесионално и контрадикторно на тоа што го кажуваат, дека целата акција било претходно добро испланирана, осмислена и организирана.

Очигледно е дека оперативните сознанија не биле добро искористени. Пет месеци однапред знаеле за групата, како што рече Иванов, имале информации дека се над 40 добро вооружани луѓе, но чекале во последен момент да реагираат во густо населено место.

Таа опрема што ја поседувале, како е можно да биде внесена во градска средина. Во прашање биле денови, ако не цел месец како таа опрема постепено била носена, не верувам дека во еден камион бил натоварен цел арсенал на оружје и донесен во Дива населба. Сите тие информации и оперативни сознанија изостанале од страна на службите кои можеле тоа да го спречат пред групата да биде добро вооружена. Таа опрема сигурно не ја носеле од Косово со себе, таа им била доставена накнадно. Постојат многу прашања на кои МВР мора да одговори, како е дозволено таа група да добие таква опрема и да дејствува во градска средина.

Освен тоа сомнеж се појавува и во целите и мотивите на оваа група, што премиерот вика дека дополнително ќе се истражува.

Тоа е смешна изјава бидејќи мотивација за ваква организирана терористичка група има само една. Таа група сигурно, како што беше спомнато, познавала повеќе странски јазици, руски, арапски, делувале на територија на Сирија и Украина, а некој добро ги платил за да дејствуваат во Македонија. Нема логика која би била мотивацијата за ваква терористичка акција во Македонија во овој период, нема логично објаснување што би постигнале со една вакава акција во кумановскиот регион. Тука отсуствува било каква мотивација за терористички акции во повеќе градови. Наводно целта биле напад на маратонот во Скопје, или напад на полициска станица. Тоа објаснување е смешно и не верувам дека ќе се покаже во било која постапка, евентуално понатамошна судска како што кажува премиерот.

Како што не дознавме кои се странските служби кои стојат зад прислушувањето?

Не верувам, луѓето што се дојдени, за таа сума што зборуваше генерал Стојанче Ангелов, дека се исплатени 2 милиони евра за некој од Косово да ја дестабилизира Македонија. Сигурно некои смешни суми од 1000 до 2000 евра се исплатени на овие лица што се дојдени во Македонија за да предизвикаат црно сценарио, а тие воопшто не знаат кој стои зад целата идеја и зад ваквата организирана акција која би предизвикала безбедносна криза во државата. Верувам дека едно до две лица кои ја организирале акцијата, пранешни командати на УЧК кои не се интегрирале на Косово, дека продолжиле со криминално дејствување како платеници. Овие луѓе ги платиле за минимални суми да дојдат во Македонија со тоа што им било кажано дека најверојано постои огромно незадоволство кај Албанците кои ќе им се приклучат и ќе им помогнат за овие нивни активности да изгледаат поверодостојно, односно да постигнат некој ефект. Сигурно тие се разочарале на самиот тререн кога виделе дека албанското население не само што не сака да им се приклучи, туку одбива да ги прими и да ги земе во своите куќи, како јатаците во 2001 година што ги хранеа и им овозможуваа да преспијат. Тоа сигурно не е случај сега.

МВР во текот на целиот ден забрануваше било какви информации да дојдат до јавноста. Граѓаните преку сооштението на американската амбасада дознаа дека има починати лица во акцијата. Како го толкувате тоа?

Тоа е обид да се претстави дека имало што помал број на жртви за државниот врв да може да каже дека акцијата била успешна. Премиерот, како што кажа, ова претставува најсложена безбедносна операција до сега. Како да се заборава конфликтот во 2001 кога имаше уфрлено повеќе од 2000 лица од Косово. И да се работи за група, без разлика дали е 40-члена или составена од 70 луѓе, дефинитивно не претставува безбедносна закана за било кого во Македонија. Една таква криминална група не може да предизвика ефекти од такви размери како што беше 2001, иако имаше обиди на некои нивни, провладини, медиуми уште при нападот на караулата во Гошинце да поистоветат дека почнува сценарио слично на 2001. Сето тоа паѓа во вода и очигледно е дека ова е само една криминална платеничка акција, а не терористички напад.

И покрај случувањата бугарскиот премиер Борисов побара оставка од Груевски поради изразеното незадоволство на граѓаните.

Очекувам и други премиери во опкружување да побараат од Груевски да си даде оставка.

Но претпоставувам не го очекувате тоа од Вучиќ.

Само не Вучиќ. На него му одговара дестабилизација на регионот бидејќи некои работи кажуваат дека ќе се откаже од гасоводот „Турскиот тек“ да се прошири на територија на Србија, а дека нивната цел е влез во ЕУ со одредени предуслови. Претпоставувам они ќе бараат северниот дел на Косово да биде припоен кон Србија. Но тоа е погубно сценарио за Македонија бидејќи дефинитивно северозападниот дел ќе биде побарано да се припои на Косово или Јужна Србија во делот каде живее албанско население. Зошто македонските власти би прифатиле едно такво српско сценарио? Некој во нашата држава ќе треба да одговори на овие прашања бидејќи тоа на Македонија најмалку и одговара, а на Србија да. Би и се оствариле намерите барем северен дел од Косово да го добие, кога веќе го изгубија останатиот дел.

Европа бара оставки, а Русија очигледно го поддржува Груевски кога предлага секое прашање да се реши во рамки на институциите. Освен тоа Русија за прв пат пројави интерес за Македонија откако политичката криза се продлабочи со објавувањето на бомбите.

Од бомбите слушнавме како фрункционираат институциите во Македонија, дека се координирани од едно место, од премиерот Груевски. И во странските весници Груевски го нарекуваат мало диктаторче кое ги контролира сите институции на државата и кое сака да предизвика мрачно сценарио. Тој е прочитан. Сите амбасадори дадоа смирувачки пораки во текот на вчерашниот ден, а очекувам денеска на средба со претседателот да му се прати јасна порака – доколку продолжи ова црно сценарио дека дефинитивно ќе биде загрозен опстанокот на државата и дека државниот врв ќе сноси целосна одговорност за тоа што ќе се случи во иднина. Очекувам дека таа порака ќе биде прифатени и дека Груевски ќе мора да си даде оставка пред 17-мај.

Се обидува ли Груевски да маневрира помеѓу истокот и западот во овој момент?

Провизиите што ги слушнавме при изградба на автопатот Кичево-Охри добиени од Кинезите, купувањето имоти на Водно, фирмите во Белизе, местењето тендери, се тоа што Мијалков го поседува почнувајќи од СГС која добива милионски тендери.. Улогата на Русија е слична во ситуацијата кога семејството на Милошевиќ беше згрижено кога тој мораше да биде испорачан на Хаг. На истиот начин и Груевски го бара спасот во Русија. Само тука го гледам можното свртување на надворешната политика. Очигледно е дека веќе се ориентирале против ЕУ и НАТО, а кон Русија.

Имаме една апсурдна ситуација Заев да биде повикан да присуствува на Советот за безбедност кога неколку недели претходно е обвинет дека е непријател на државата во аферата „Пуч“.

Тоа што Заев присуствуваше на седницата може да значи дека тоа води кон нормализирање и седнување на заедничка маса. Според мене добро е што Заев се појави на седницата, тоа е услов Иванов да види дека опозицијата е конструктивна и дека нема изговор зошто да не ги седне лидерите на најголемите политички партии да почнаат да преговараат за формирање на техничка влада.

Сметате дека техничка влада ќе се случи и дека овие „терористички напади“ нема да се повторат?

Тоа е разумен излез од целава ситуација. Доколку тоа не се случи ќе биде погубно за Македонија, опстанокот на Македонија ќе биде доведен во прашање.

 

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра