Се нормализира животот во кумановската населба Тоде Мендол

Од:

Вообичаена понеделнична раздвиженост е забележлива претпладнево во Куманово и населбата Тоде Мендол. Утрово отворен е и дел од Зелениот пазар во кумановската дива населба којшто во последниве 28 часа беше затворен и од каде беше блокиран пристапот кон Тоде Мендол и од каде што се евакуираа најголемиот дел од локалното население.

Закупците на тезгите велат дека и покрај ситуацијата што му се случи на Куманово животот и работата мора да продолжат нормално да се одвиваат. Отворени се и маркетите, како и сите аптеки во населбата која има околу 10.000 жители и која беше во центарот на вниманието на сите домашни и странски медиуми.

На главната улица „Тоде Мендол“ ништо не укажува дека во изминативе денови се одвиваше вистинска борба на македонските безбедносни сили со вооружената група. Траги од судирите се видливи на улиците „Перо Илиевски“ и „Руши Шаќир“ каде се забележуваат куршуми, запален автомобил, целосно изрешетена куќа, неколку куќи кои целосно или делумно се разрушени, скршени прозорци… Во овој дел нема електрична енергија.

Новинарски екипи и граѓани ги набљудуваат последиците од 28-часовната борба на македонските безбедносни сили со вооружената група.

Во градот се  уште има  полициско присуство, но не во толкава мера како изминативе два дена.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе