Со оддавање почит на жртвите во нацистичкиот концентрационен логор Матхаузен, во Австрија, вчера беше одбележана 70-годишнината од неговото ослободување во Втората светска војна.
Во присуство на Претседателот на Австриската Република Хајнц Фисхер, како и на бројни премиери, министри и други високи цивилни и воени претставници, почит на жртвите на Матхаузен искажаа делегации од педесетина земји и организации.
Од името на Република Македонија венец пред бетонскиот саркофаг во центарот на логорот – симболичен споменик на сите загинати логораши, положи вонредниот и ополномоштен амбасадор Василка Полоска Треневска.
На комеморацијата присуствуваа и десетина логораши кои ги преживеале стравотиите од нацистичкиот режим во конц-логорот Матхаузен.