Розберг победи во Шпанија

Од:

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг триумфираше денеска на трката во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Шпанија.

На патеката Каталуња крај Барселона, Германецот ја искористи пол-позиција и прв ја мина целната рамнина остварувајќи ја првата победа сезонава.

Хамилтон возеше одлично до 14. круг кога му дишеше во врат на својот клупски колега. Тогаш одлучи да влезе во боксот, механичарите го забавија и по првото влегување во пит-стопот на сите возачи, излезе на третата позиција.

Разликата меѓу него и второпласираниот Фетел се движеше околу една секунда, а Британецот постојано притискаше.

До промена дојде во 52. круг кога Хамилтон повторно влезе во боксот, а на излегувањето се најде на втората позиција со 20 секунди заостанување зад Розберг.
Оттогаш, тој само ја зголемуваше предноста, а финишот од трката стана буквално здодевен. Возачите го очекуваа крајот, а борба се водеше единствено за четвртата и петтата позиција на Вартери Ботас и Кими Раик.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он