Движењето за Национално Единство на Турците(ДНЕТ) ги повика граѓаните да останат мирни и достоинствени во одбрана на заедничките придобивки во заедничката татковина.
„ Било какво наседнување на очигледните провокации може да допринесе да имаме поголеми загуби и не може да биде од корист на ниту еден поединец, една страна, политичка опција или национална група во земјата. Граѓаните со достоинствено однесување можат да дадат голем придонес за смирување и спречување на натамошна ескалација на состојбите во Куманово и пошироко“, се вели во партиското соопштение.
Од оваа партија апелираат на мудрост и разум „како би се овозможило да се откријат вистинските нарачатели на ваквите во никој случај не прифатливи провокации“.
Според нив, одговорноста за загинатите службени лица и цивили е на страна на властите во земјата. ДНЕТ јасно и гласно најенергично ги осудува сите обиди за дестабилизација и нарушување на традиционалните добри меѓунационални односи во земјата.