ДОМ изразува длабоко сочуство за загинатите полицајци во оружениот судир со засега непозната група во Куманово. Апелираме до институциите, партиите и сите граѓани за миг да ги ставиме настрана шпекулациите за тоа кој стои зад оваа трагедија и да ги оставиме безбедносните служби да се фокусираат на што побрзо воспоставување безбедност на цела територија на земјата, соопшти ДОМ.
– Ќе има време да дознаеме која од актуелните верзии што кружат во јавноста е точна: дали се работи за терористи, платеници, или комбинација на двете зла? Власта треба да покаже сериозеност и ефикасност во спроведување на уставните обврски во случај на загроза на безбедноста, а опозицијата да размисли дали не е потребно во овој сериозен момент за државата да влезе во Парламентот и оттаму да врши контрола над работењето на институциите, вклучително и безбедносните, се вели во соопштението на ДОМ.