Кол-центар и сместување за раселените

Од:

Општината Куманово отвори кол центар за потребите на семејствата кои ги напуштаат своите домови и имаат потреба да бидат згрижени. Центарот е сместен во просториите на општината Куманово, каде дежурна служба ќе врши прифат на раселените.

Сите семејства кои имаат потреба од сместување или било која друга помош и проблем, можат да дојдат директно или да се јават на телефонските броеви 031 475-830 и 475-800. Според нашите можности ќе ги сместиме на пунктовите кои се предвидени за таа намена – велат од општината.

За сместувачки капацитети ќе бидат искористени Ученичкиот дом Професор Мијалковиќ, градинките, како и училишните спортски сали во 11 Октомври, Кочо Рацин и Христијан Карпош.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе