Почнува кампањата за претседател на Словенија

Од:

Во Словенија денеска почнува кампања за претседателските избори што ќе се одржат на 11 ноември.

Официјална кандидатура за шеф на државата засега имаат поднесено актуелниот претседател Данило Тирк, поранешниот словенечки премиер Борут Пахор и Милан Звер, кој е пратеник во Европскиот парламент.

На почеток на есента, покрај нив, кандидатура најавија уште девет претенденти. Кандидатите имаат право да се пријават за предизборната трка до 17 октомври.

Доколку никој од нив не се придружи во трката, тоа ќе биде најмалиот број на кандидати за претседател во историјата.

Според словенечкиот закон, кампањата не смее да чини повеќе од 0,25 евра „по гласач“ во првиот и 0,15 евра во вториот круг, ниту да се финансира од буџетот или средства на компании во кои државата има сопственост поголема од 25 отсто.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски