Уште двајца полицајци загинаа во борбите во Куманово, вкупно осум

Од:

Бројката на загинати припадници на безбедносните сили се искачи на осум, според информации на ТВ Сител.

Во хируршките клиники има забрана за посета на цивили, а од внатрешноста не се препраќаат пациенти освен итни случаи.

Повторно на работа се истите лекари сестри и медицинскиот персонал што значи дека самоиницијативно над 30 часа се на работа за да помогнат на повредените.

Десетина специјалци се примени во болниците 8 Септември и Свети Наум Охридски.

До овој момент не се знае дали и колку цивили има во Дива населба. Вкупно 8 полициски службеници го загубија животот во престрелките при интервенцијата за неутрализација на терористичката група која делуваше во Куманово.

Македонија прогласи дводневна жалост.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе