Нови престрелки во Куманово, можни нови жртви

Од:

Во Куманово во неделата наутро продолжија спорадични престрелки со делови од поголемата терористичка група чии триесетина припадници во саботата доцна вечерта по 16 часа борба се предадоа, а има информации и за уште една жртва меѓу македонските полицајци, пренесе Макфакс.

Извори од Министерството за внатрешни работи во неделата наутро потврдија дека полициската акција во кумановската Дива населба сé уште се водат престрелки. Локалното население вели дека покрај постојаното надлетување на хеликоптерите, забележани се и беспилотни летала.

Според некои медиуми во утринските престрелки загинал уште еден македонски полицаец, но оваа информација официјално не е потврдена.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на прес-конференцијата потврди дека во саботната операција во справувањето со „терористичката група во најголем составена од лица влезени од друга држава“, „добро вооружена и обучена“ за ваков вид терористичка активност чијашто цел биле државни институции, загинале пет полицајци а 30-ина се ранети.

Јанкулоска не можеше да го прецизира бројот загинати меѓу напаѓачите, како и да ги потврди медиумските извештаи за цивилни жртви.

Според полициски извори, припадниците на групата којашто дејствуваше во Куманово, влегле во текот на изминатата седмица, имала логистика во земјата. Според првичните сознанија станува збор за лица познати по криминални активности, учесници во конфликтите на Косово од 1999 и Македонија од 2001 година, но можеби и на други боишта низ светот.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра