ТХП е крајно загрижена од денешните случувања во Куманово

Од:

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) е крајно загрижена од денешните случувања во Куманово. Затоа ги повикуваме граѓаните на воздржаност и присебност, да не подлегнуваат на провокации кои имаат цел да ги нарушат меѓуетничките односи и да резултираат со човечки жртви.

Само со рационални постапки, ладни глави и сплотеност може да се елиминираат сите црни сценарија.

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) е убедена дека народот во Македонија без разлика на нивната етничка, религиозна или политичка припадност се заедно како никогаш досега.

Апелираме до сите злонамерни дека овие мрачни конструкции нема да го обесхрабрат народот кој е одлучен да ја врати слободата и демократските вредности. Оваа лоша режија ќе заврши со неуспех и вистината ќе победи!

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе