ОНА ја презеде одговорноста за нападот во Куманово

Од:

Ослободителната национална армија (ОНА) ја презема одговорноста за нападите врз македонските полициски сили во сабота наутро во Куманово, пренесе Макфакс.

„Во тековната борба за слобода и национално достоинство, силите на Ослободителната народна армија во раните утрински часови на 9 мај 2015 година, ја нападнаа македонската полиција, која со денови врши терор врз цивилното население“, се вели во Комуникето број три на ОНА, што го објави приштински Botasot.

Понатаму се додава дека акциите во иднина ќе станат уште пожестоки.

Засега нема официјална потврда за автентичноста на Комуникето, кое е потпишано од портпаролот на ОНА од Гостивар.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе