Детонации во кумановската населба „Тоде Мендол“

Од:

Детонации и рафални стрелби се слушаат од населбата „Тоде Менол“ во Куманово каде уште од рано изутрината во тек е акција на полицијата за сузбивање на вооружена терористичка група.

Претходно кон населбата се упатија дополнителни полициски возила, а во тек е постепено евакурање на населението, од кое дел се повлекува пеш, а дел со полициски возила. Од локацијата се повлече возилото на противпожарните служби.

Пристапот до населбата е блокиран освен за возила на полицијата и на Прва помош. Затворена за сообраќај е едната сообраќајна лента од булеварот „Трета МУБ“, а полицијата ги пренасочува возилата кон другите делови на градот. Во останатите кумановски населби сообраќајот се одвива нормално, но е забележливо засилено полициско присуство.Сообраќајот по автопатот од Табановце-Куманово-Скопје се одвива нормално и нема никаков застој.

Портпаролот на МВР Иво Котевски на прес-конференција во 14 часот информира дека поради специфичноста на теренот полицијата напредува постепено и врши претрес во сите куќи. Групата, како што изјави Котевски, имала за цел да организира напади врз државни институции, а во Македонија влегла од една соседна држава.

– На нападот е одговорено исклучително внимателно и соодветно на ситуацијата. Апелираме граѓаните и јавноста да останат мирни, да се воздржуваат, а заради чувствителноста на ситуацијата во овој момент не би соопштувале дополнителни детали, рече Котески и најави дека МВР подоцна ќе излезе со целосни информации за преземените мерки.

Апели за смиреност и неподлегнување на провокации упатија и политичките партии, Делегацијата на ЕУ, ОБСЕ и дел од амбасадите во државава.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски