Димитров: Кој веќе подолго време јавно споменува дестабилизација?

Од:

Никола Димитров и Владемири Лазаревик, од т.н. Амсетрдамска тројка, на своите фејсбук профили ја толкуваат вонредната ситуација во Куманово како наметната и исценирана. При тоа тие алудираат дека зад настаните стои владејачката политичка структура.

Поранешниот амбасадор на Македонија во Холандија, прашува кој подолго време споменуваше дестабилизација во земјава, мислејќи на премиерот, Никола Груевски, кој ја обвинуваше опозицијата за слични сценарија изминатиов период.

„Кој а авторот на ова грозно сценарио што утрово започна во Куманово? Кој си игра со човечки животи за политички интереси? Кој има интерес за дестабилизација во овој момент и кој веќе подолго време јавно споменува дестабилизација? Во едно не верувам: ова не е вооружена група што изолирано решила да прави проблеми во Македонија.

Да одговориме со сплотеност, да бидеме заедно како никогаш до сега!“, пишува Димитров.

Поранешниот заменик министер за здравство, пак, вели дека драмата која се одигрува во Куманово и оди во прилог само на власта.

„Случувањата во Куманово не може да бидат генерички, изворни, тие се увезени со некаква мрачна цел.Како и од кого ќе се дознае многу бргу. Вчера во Тирана на А1 репорт со 5 гости Албанци, и јас, никој не спомна било каква можност за етнички конфликт. Граѓаните Македонци и Албанци, и сите останати, нека бидат прибрани, да не наседнуваат на провокации. Ова сценарио единствено му одговара на тоталитарен систем длабоко потонат во темница, и преку мало прозорче на конфликт го бара својот спас“, смета Лазаревик.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена