Шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за Непал, Џими МекГолдрик изјави денеска дека досега во Непал стигнале само 22 милиони долари помош за настраданите од земјотресот, иако минатата недела е испратен апел за 415 милиони долари.
Одговорот на упатениот повик за помош во следните три месеци е премногу бавен, оцени тој.
Во катастрофалниот земјотрес на 25 април загинаа над 7.800 лица и повредени се неколку илјади. Владините проценки покажуваат дека десетици илјади куќи се урнати и оти итна помош им е потребна на 400 илјади семејства.
ОН проценуваат дека околу осум милиони луѓе се погодени од земјотресот.