Социјалдемократската младина на Македонија го издаде петиот број од герилскиот весник “Вистината за Македонија до секој граѓанин…”
Во овој број, СДММ го најавува големиот сенароден протест на опозицијата на 17-ти мај (недела) во Скопје. Младите социјалдемократи ги повикуваат граѓаните да излезат, за да го испратат режимот во заборав.
Исто така се пишува за прикривањето на убиството на Мартин Нешковски, како режимот на брутален начин се обидел да сокрие загуба на млад човечки живот.
Овој број содржи и енигматски дел – крстозбор, кој е поврзан со проектот Вистината за Македонија.
СДММ пишува и за останатите докази од проектот Вистината за Македонија, кои го потврдија вистинското лице на овој режим.
Младите продолжуваат да го делат весникот на целата територија, во секое населено место.