ВМРО-ДПМНЕ поддржува институциите да спроведат нова истрага за смртта на Младенов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на денешната прес-конференција на СДСМ, затоа што, како што наведува во реакцијата, дури и со вакви монтирани и сечени материјали конечно се негиграат сите шпекулации, дезинформации и лаги кои што јавно или полујавно луѓе од СДСМ или нивни приврзаници ги ширеа дека власта учествувала во било каква смисла во трагичната несреќа во која загина Никола Младенов.

ВМРО-ДПМНЕ поддржува надлежните институции да спроведат нова истрага во случајот на трагичната смрт на новинарот Никола Младенов.

– Немаме никаква дилема дека во овој случај е постапено одговорно, но заради потребата од целосната доверба во постапките и институциите поддржуваме нова истрага, под надзор на новинарската фела преставувана од здруженијата, луѓе од семејството, со увид на експерти-како што и секогаш во изминатиот период се залагаме за правна разрешница, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ