Заев: Груевски знаел дека има траги од друго возило на автомобилот на Младенов

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев презентираше СМС комуникација како што рече, помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски.

– Од оваа порака станува јасно дека и лично Никола Груевски бил запознаен со клучната информација којашто била сокриена од јавноста.

На 3-ти април 2013 година, Јанкулоска го информира Груевски:

„Денес во 14 ќе дојде истражниот во МРВ да му го објаснат кримтехничкиот извештај. Има една незгодна работа, на колата има малку боја од друга кола. За беља на судијава ова му бил прв случај и нашиве луѓе викаат дека баш не се снаоѓа најдобро.“ му пишува Јанкулоска на Никола Груевски.

Screenshot_2

Зошто оваа информација, дека има траги од друго возило на автомобилот на Младенов не е споделена со јавноста треба да одговорат Јанкулоска и Никола Груевски?

Кријат ли овие траги нешто друго?

Да. Трагите од боја на задниот дел од автомобилот на Младенов се трета, клучна причина за отворање на истрага, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во авто-перална во СКопје

Повторно дојави за бомби во скопски училишта, се евакуираат учениците

Катерина Ѓуровски

Дојавата за бомба во скопска гимназија е лажна, превентивно се евакуирани и други училишта

Нова закана за поставена бомба во скопско училиште

Горан Наумовски

Дојави за бомби попладнево стигнале во девет скопски училишта, се евакуираат учениците од втора смена

Маја Илиевска-Пачемска

Нова дојава за бомба, се евакуираат ученици од средното училиште „Јосип Броз“ во Скопје

Маја Илиевска-Пачемска