Торта „Москва“

Од:

Најубава верзија за “Москва” торта …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
8 белки
8 лажици шеќер
200 гр тостирни, мелени ореви
2 лажици брашно

за првиот фил:
8 жолчки
10 лажици шеќер
125 гр мргарин, на собна температура
190 гр путер, на собна температура
125 гр шеќер во прав
2 пакетчиња бурбон ванилин шеќер
100 гр слатка павлака за шлаг
80 мл млеко
230 гр исцедени вишни од компот
помала конзерва исецкан и исцеден ананас
50 гр тостирани и покрупно мелени лешници
50 гр тостирани листови бадеми

за вториот фил:
50 гр слатка павлака за шлаг
60 мл млеко

за украсување – по желба

Подготовка:
– Вкупната количина за подготовка на бисквитното тесто одговара за подготовка на две кори кои треба да ги печете во тавата од рерна со димензии 32х30 см, а потоа кога ќе се изладат двете кори треба да ги пресечете на пола така што ќе добиете четири кори.

– Шлагот кој се става во филот треба да биде погуст, додека пак шлагот со кој ги премачкувате слоевите треба да биде поредок од вообичаената густина.

– За бисквитното тесто, изматете ги белките да станат благо пенести, додадете го шеќерот и продолжете со матењето. Кога шлагот ќе стане густ додадете ги мелените ореви и брашното и убаво измешајте со дрвена лажица. Вака добиената смеса сипете ја во тава обложена со хартија за печење, изедначете ја со нож или силиконска лажица и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени, а потоа веднаш смалете ја температурата на 150 степени. Печете околу 15 минути, односно додека краевите на тестото не се одвојат од тавата.

– Испечените кори извадете ги од тавата и оставете ги на работна површина да се изладат и тргнете ја хартијата за печење од нив. Потоа пресечете ги на половина така што ќе добиете 4 кори.

– За филот, Во сад на пареа изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер со постојано мешање додека смесата не се згусне и не се растопи целиот шеќер. Садот тргнете го од рингла и оставете ги жолчките да се изладат.

– За тоа време пенесто изматете ги путерот и маргаринот, додадете го шеќерот во прав и продолжете со матењето додека да добиете хомогена смеса. Во така подготвената смеса сипете ги сварените жолчки и убаво изматете со миксер да се соединат сите состојки.

– Изматете 100 гр слатка павлака во густ шлаг  и додадете ја во горната смеса и повторно убаво изматете. Филот поделете го на 4 еднакви делови, за филување на четирите кори.

– Изматете 50 мл слатка павлака и оставете ја на страна за филување на тортата.

– Подгответе ги сите состојки за филување на тортата: вишните, ананасот, лешниците, бадемите и шлагот.

– На чинија за торта или послужавник ставете ја едната кора и одозгора нанесете 1/4 од филот. Потоа богато наредете од вишните и нанесете од шлагот.

– Ставете ја втората кора и филувајте со втората четвртина од филот. Наредете од ананасот и повторно слој шлаг.

– На тоа ставете ја третата кора, ставете од филот, обилно посипете со лешници, премачкајте со слој шлаг и ставете ја четвртата кора. Повторно нанесете од филот одозгора, но и по страните на тортата.

– Посипете со листови бадеми и ставете ја во фрижидер убаво да се излади.

– Тортата украсете ја по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска