Во 18 часот протести во Струмица

Од:

Денеска со почеток во 18:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, се организира протест по повод актуелните протести кои се случуваат низ повеќе градови во Македонија – СТОП на полициската бруталност.

„По повод обелоденувањето на снимките на кои се потврдува скривањето на убиството на Мартин Нешковски од страна на власта, и протестот во Скопје и денешниот во Битола и Прилеп, од утре – И СТРУМИЦА се приклучува на протестите против полициската бруталност!

Струмица гордо и исправено стои до Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и Кавадарци, затоа што сите солидарно ќе помогнеме да имаме подобро утре.

Најавите за мирниот протест во Струмица следуваат непосредно по објавените разговори од опозицијата во кои се открива обидот за сокривање на убиството на Мартин Нешкоски кој беше претепан до смрт од полициски специјалец пред три години, а во моменти кога мноштво од народ излегува на улиците и пред зградите на Владата и Собранието за да го искаже својот револт“, се вели во соопштението на група граѓани.

Протестниот марш ќе започне во 18:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица со следнава маршрута на движење: Плоштад „Гоце Делчев“ низ зградата на општината до СВР Струмица. Маршот ќе заврши пред зградата на СВР.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски