Уапсени луѓе кои не биле на протест уште се држат во полициска станица

Од:

Се повеќе луѓе се јавуваат во медиумите и бараат да се објави дека се апсени жители на Скопје кои воопшто не биле на протест, само се нашле на погрешно место во погрешно време.

-Мојот брат веќе 14 часа е притворен во полициска станица во Автокоманда заедно со уште 20 лица кои ноќеска беа насилно приведени и покрај тоа што дел од нив не ни биле на протестот, туку се нашле на погрешно место во погрешно време, вели скопјнака која сакаше да остане анонимна.

Скоро сите се претепани, прегладнети и оставени на столици да спијат, без никакви информации и без објаснување зошто се таму.

Никој не им кажува зошто се држени и покрај тоа што сите дале изјави. Во конкретниот случај мојот брат бил во едно кафуле во центар и излегол за да влезе во такси за да оди дома кога полицијата безмислосно го зема и притвори и покрај тоа што е мирен. До кога невините луѓе ќе ја трпат немилоста од оваа власт која уништува се пред себе? Ќе превземе ли некој нешто да ги спаси овие деца на возраст од 24 години кои се таму без никаква вина, прашува таа.

Би можело да ве интересира

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски