Иванов: Европскиот мир е неостварлив без балканскиот мир

Од:

„Мојата визија и мото отсекогаш биле „Европскиот мир е неостварлив без балканскиот мир“. Сметам дека обединувањето на европскиот континент и напорите за остварување на визијата за „Европа обединета во различностите“ може да се оствари преку примена на моделите на мултиетнички соживот кои постојат на Балканот, особено македонскиот модел, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, пред учесниците на форумот „Верско и културно историско наследство како основа за интензивирање на соработката меѓу државите“, кој се одржува во Мостар.

Македонскиот модел, рече претседателот Иванов, е модел на мултиетничка демократија која подразбира интеграција без асимилација.

„Верувам дека ваквите позитивни балкански искуства можат да помогнат во обликувањето на европската иднина. Република Македонија живеела

и живее во светот на различноста, почитувајќи го она што ни е оставено во наследство. Животот не научи на соживот, толеранција и меѓусебно разбирање и помагање. На тоа не потсетува и она што ние на Балканот го знаеме како капиџик, во вистинска смисла на зборот“, рече Иванов.

„Денес, кога се чувствува се поголема нетолеранција, религиозен фундаментализам и исклучивост, во време кога многу општества се соочуваат и се борат со длабока криза на некои морални вредности, верувам дека токму дијалогот меѓу религиите и културите е основниот инструмент за надминување на предрасудите и стравот, за зближување и разбирање меѓу луѓето, без разлика на религијата кон која припаѓаат“, оцени Иванов.

 

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов