Директорот на белгиското воено разузнавање Еди Тестеламанс излажал во 2013 година дека со помош на американската Агенција за национална безбедност и нејзината програма за следење „Призма“ биле спречени три напади.
Во интервју за бриселското списание „Мондиал њус“ Тестелманс тврди дека благодарение на информациите добиени од службите на САД Белгија избегнала три тероритистчки напади.
– Во три случаи беа спречени можни терористички напади благодарение на информацијата, за која може да се претпостави дека била добиена токму од системот „Призма“. Доколку НСА не ни ги дадеше податоците немаше ништо да знаеме, изјави тој.
Истрагата на парламентарната Комисија за контрола на разузнавањето во Белгија ги отфрли тврдењата на Тестелманс. Белгиските медиуми јавуваат дека тој писмено признал дека излажал за целата оваа ситуација.