„ОМ во денешното соопштение до јавноста нема да ги употреби зборовите „изненадени“, „шокирани“ „ужаснати“ и слично, за да не биде политичко „клише“… излитено од употреба.
ОМ тоа го кажуваат во овие 6 години од нашето формирање како политичка партија, укажувајќи за злоделата на оваа „инфантилна дружина“ во народот позната како „БАНДА КРИМИНАЛНА“, велат од Обединети за Македонија.
„ОМ му порачуваа на малиот тиранин со големи злодела, дека народот повеќе не може да ги слуша твоите „шегобијни“ говори во ова исклучително тешко македонско време ОМ како и членството на ВМРО, народот, граѓаните на РМ заситени од твоите „настапи“ „говори“ пресови како и на „креатурите политички“ околу тебе твои извршители.
ОМ ти кажуваат тебе „мал тиранину“ дека помина времето на твоето слушање но дека дојде времето на ТВОЕТО СОСЛУШУВАЊЕ заедно со твојота верна дружина „обнародена“ како банда криминална за злодела против народот со сериозни обвинувања невидени во поновата Македонска историја.
ОМ повикува на континуирани мирни протести ненасилни „Гандиев отпор“ до конечно расформирање на ова злосторничко здружение. ОМ ја повикува полицијата да не крева рака на своите сестри, браќа, мајки, роднини, пријатели, претварајќи се во продолжена рака, инструмент на овие кои ги чека долгогодишна робија за делата со кои се соочуваат.
ОМ дава целосна и безрезервна подршка на храбриот водач на опозицијата Зоран Заев поддржувајќи ги сите негови потези кои Македонија ја враќаат на Европскиот пат. ОМ му порачуваат на властодржачот „ЗБОГУМ ОЗОГЛАСЕН МАЛ ТИРАНИНУ“. Македонија сепак ќе ја ослободиме… Избери слобода“, се вели во соопштението на ОМ.