Неодоливо слатко задоволство …
Потребно е:
за пудингот:
600 мл млеко
100 гр шеќер
150 мл млеко
2 кесички пудинг од ванила
за второто тестото (за ронките):
375 гр путер
500 гр брашно
100 гр сецкани пропржени бадеми
200 гр шеќер
прстофат сол
2 лажици брашно
за првото тесто:
250 гр путер
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
изрендана кора од 1 лимон
прстофат сол
4 јајца
250 гр брашно
75 гр нишесте
3 рамни лажичиња прашок за пециво
350 гр џем од вишни
1 компот од вишни
за кремот:
250 гр кисела павлака (со 24% масленост)
3 јајца
сварен пудинг од ванила (од 1 кесичка)
Подготовка:
– Исцедете ги вишните. Исецканите бадеми кратко истостирајте го на врела тава и оставете ги да се изладат.
– Преминете на подготовка на пудингот. Двете кесички пудинг сипете ги во еден сад и измешајте ги со шеќерот. Додадете 150 мл млеко и убаво измешајте да нема грутки.
– Во сад на рингла ставете да се вари 600 мл млеко. Кога ќе почне да врие тргнете го на страна и со постојано мешање додадете го пудингот. Вратете го на рингла, смалете ја температурата и со постојано мешање варете го пудингот додека не се згусне (2-3 минути). Садот тргнете го од рингла и покријте го со пластична фолија за да не се фати коричка. Оставете го да се излади.
– Преминете на подготовка на второто тесто. На тивко на рингла растопете го путерот и оставете го да се излади.
– Во друг сад ставете ги пропржените бадеми, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и солта и измешајте. Додадете го изладениот путер и со миксер убаво изматете. На крај додадете 2 лажици брашно и со вилушка полека измешајде да добиете ронливо тесто.
– Рерната загрејте ја на 200 целзиусови степени. Тавата за печење (32 х 39 см) намастете ја и посипетеја со малку брашно.
– Преминете на подготовка на првото тесто. Во сад ставете ги путерот, шеќерот, ванилиниот шеќер, изренданата кора од лимон и сол и убаво изматете со миксер. Со постојано матење додадете ги јајцата едно по едно. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и нишестето и постепено додадете ги, со постојано матење, во горната смеса. Тестото сипете го намастената тава и израмнете го.
– Преминете на подготовка на кремот. Киселата павлака и јајцата убаво изматете ги. Потоа во оваа смеса додадете го изладениот пудинг од ванила (лажица по лажица) со постојано мешање.
– Врз тестото ставете го џемот од вишни, а потоа распоредете ги и исцедените вишни од компотот.
– Врз вишните распоредете го кремот и израмнете го.
– На крај нанесете го ронливото тесто (едноставно изронете го).
– Ставете да се пече во загреана рерна 40-45 минути.
– Печениот колач оставете го убаво да се излади. Потоа исечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав.