Во Либерија најверојатно нема повеќе ебола

Од:

Либерија официјално ќе биде прогласена за земја во која нема ебола, ако до сабота не биде регистриран нов случај, изјави шефот на комисијата на Обединети нации за ебола, Олоф Ског.

Но, тој предупреди дека се уште не е време „да се спушти гардот“ бидејќи во регионот се уште се регистрираат нови заболени од ебола.

Либерија е една од трите најпогодени земји од епидемијата во Западна Африка. Во саботата, според стандардите на Светската здравствена организација, ќе измине 42-дневниот период без нови заразаени од ебола.

Минатата недела регистрирани се вкупно 18 нови заразени со ебола во Гвинеја и во Сиера Леоне. Последниот пациент во Либерија починал на 27 март.

Вкупно 10.980 луѓе починаа од почетокот на епидемијата во декември 2013 година во Западна Африка. Според СЗО вкупниот број на заболени од ебола изнесува над 26.500 лица.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски