Силна експлозија го потресе вечерва центарот на Дамаск, а сиријските државни медиуми известија дека во терористичкиот напад се повредени двајца луѓе.
Државната телевизија јави дека една бомба експлодирала пред министерството за високо образование.
Западните агенции, повикувајќи се на Сиријската опсерваторија за човекови права, чие седиште е во Лондон, јавуваат дека експлозијата ја разнишала и зградата на воениот суд.
Две исламистички групи Ахфад ал Руси и Ансар ал Ислам во заедничкото соопштение ја презеле одговорноста за тој напад, тврдејќи дека поставиле бомба во објект кој припаѓа на државната безбедност.