ЦИК побара партиите да престанат со предвремената изборна кампања

Од:

Централната изборна комисија на Албанија денеска побара од политичките субјекти да престанат со предвреме започнатата изборна кампања, за престојните локални избори, јави дописникот на МИА од Тирана.

Иако локалните избори се закажани за 21 јуни а официјлано изборната кампања треба да почне на 22 мај, партиите кампањата ја почнаа пред две недели и во Албанија атмосферата е како да е во екот на кампања.

Централната изборна комисија ги предупреди најголемите политички партии, владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама, која ја предводии левата изборна коалиција и опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша, која ја предводи десната изборна коалиција, веднаш да престанат, бидејќи „ќе биде приморана да ги применува законските одредби“.

Комисијата побара и од медиумите да не известуваат од предизборни активности на партиите или кандидатите.

Веднаш се огласија повеќе телевизии, меѓу кои „Ора њус“, „АБЦ њус“ и „Њус 24“ кои ги инфроримаа и своите гледачи и парииите дека од денеска до 22 мај нема да емитуваат изборна активност на ниту една партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана