Пакистанската полиција заплени три тони хашиш наменети за извоз

Од:

Пакистанските власти денеска соопштија дека заплениле три тони хашиш наменет за земјите во Заливот во една од најголемите операции во земјата.

Дрогата проценета на 50 милиони долари била скриена во затворени кабини на танкер во Пасна, крајбрежен град во покраината Балучистан, изјави портпаролот на пакистанската крајбрежна стража Зафар Ахмед.

Властите уапсија тројца мажи поврзани со запленетата дрога, додека за еден од нив се верува дека е најбараниот шверцер во земјата, изјави портпаролот, без да го објави идентитетот на уапсените.

Полицијата специјализирана за борба против шверц на дрога спроведува операции во поголемите пакистански градови, аеродроми и пристаништето Карачи, низ кои минува дел од опијатите произведени во Авганистан наменети за извоз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица