На малата сцена на Македонскиот народен театар вечерва ќе биде одиграна 50-тата изведба на претставата „Парите се отепувачка“, инспирирана од истоимената драма на Ристо Крле и романот Деветта конфигурација на Вилијам Питер Блативо.
Претставата е во режија на Бојан Трифуновски, а сценографијата и костимографијата се на Мери Георгиевска.
Во претставата играат Драгана Костадиновска – Барбара/Мара, Славиша Кајевски – Јован/Анѓеле, Софиа Насевска Трифуновска – Хана/Ката, Гораст Цветковски – Митре/Владимир.
Претставата премиерно беше изведена на 3 декември 2011 година, а минатата година гостуваше на Меѓународниот театарски фестивал ФИАТ во Подгорица, како и на Денови на МНТ во Кратово и Струга по повод 115 години од раѓањето и 40 години од смртта на Ристо Крле.