Суви колачиња со лешници

Од:

Едноставни и вкусни колачиња.

Потребно е:
250 гр маргарин или путер (најубаво пола-пола)
70 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1 јајце
100 гр сецкани или мелени лешници
околу 450-500 гр брашно, колку да замесите тесто малку потврдо од тоа за ванилици

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги јајцето, путерот и шеќерот и изматете ги убаво.

– Потоа додадете го ванилиниот шеќер, брашното и сецканите лешници и измешајте убаво за да се спојат сите состојки.

– Потоа развлечето го брашното и направете кора со дебелина околу 1 см. Со остар нож исечете го на ленти, а потоа на правоаголници.

– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна околу 15-20 минути.

– Печените колачиња можете да ги прелиете со растопено чоколадо, по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска