Воената коалиција, предводена од Саудиска Арабија, која го бомбардира Јемен користела касетни бомби, забранети во поголемиот дел од светот, соопшти организацијата Хјуман рајтс воч.
ХРВ наведе дека има докази дека касетни бомби, кои коалицијата ги снабдила од САД, два пати биле користени во бомбардирањето на позиции на бунотвниците Хути, кои освоија голем дел од Јемен и го протераа претседателот Абдел Абад Мансур Хади од земјата.
Касетните бомби во себе содржат помали бомби, кои се распрскуваат на голема површина и остануваат неексплодирани на земја, а потоа експлодираат доколку некој на нив нагази.
Тие се забранети согласно спогодбата, која ја потпишаа 116 земји, но меѓу нив не е Саудиска Арабија. САД и другите земји во воената коалиција, која ја предводи Саудиска Арабија исто така не се потписници на спогодбата од 2008 година.