Овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за литература е кинескиот писател Мо Јан, соопшти денеска на прес-конференција во Стокхолм постојаниот секеретар на Шведската академија Петер Енглунд.
– Во својата проза Мо Јан со халуцинатна острина ги обединува историјата, приказната и современиот миг, истакна Енглунд.
Во Шведска се преведени неколку книги од Мо Јан: „Црвеното поле“, Баладите за бел лук“и „Симен Нао и неговите седум животи“.