Кростини со тиквички и кашкавал

Од:

Мирисно, крцкаво и неверојатно вкусно предјадење…

Потребно е:
300 гр тиквички
1 главица кромид
2 лажици маслиново масло
150 гр крем сирење
сол, бибер
30 гр пармезан,исечен на тенки ливчиња
8 кришки багет леб или пак чијабата леб

Подготовка:
– Тиквичките измијте ги убаво и одсечете им ги краевите (не ги лупете). Исечете ги на коцки со големина од 1 см.

– Кромидот и лукот исчистете ги и ситно исецкајте ги. Пропржете ги кратко, а потоа додадете ги тиквичкитеи продолжете да ги пржите уште  околу 4 минути со повремео мешање. Тргнете ги на страна, зачинете ги со сол и бибер и оставете да се изладат.

– Од смесата во тавата оставете 2 лажици, а во преостанатиот дел измешајте го крем сирењето. Со вилушка малку (не потполно) згмечете ги коцките тиквички.

– Кришките леб испечете ги во тостер. Пармезанот исечете го на тенки листови.

– Смесата со тиквички и крем сирење нанесете ја на кришките топол тостиран леб, посипете со тиквичките кои ги оставивте на страна и со тенките ливчиња пармезан.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска