(ВИДЕО) Ристески: Се ближи времето кога ќе тргнеме кон зградата на ССМ

Од:

ССМ стана навивачка група, поздравува се живо што оваа Влада ќе донесе, повеќе нема никакво легитимитет, им порача на насобраните граѓните пред Влада, Марјан Ристески, претседателот на Конфедерацијата на независни синдикати. Тој рече дека и покрај лошите животни стандарди, покрај влошената економска состојба во земјава, Владата и ССМ сакаат да го убедат народот дека во Македонија тече мед и млеко.

– ССМ нема повеќе легитимитет да ги заштитува правата на работниците, таа зграда е на работниците и мора да има во неа простор за нашите синдикати. Се ближи времето кога ќе тргнеме кон тие простории сами да ги заземеме. Не дозволуваме повеќе да си играат со нас, време е да ја вратиме моќта на работникот, да му ја вратиме функцијата на синдикатот кој е деградиран и исмеан – рече Ристески.

Тој додаде дека економската и политичката состојба во државата се влошува се повеќе и дека на крај ќе се сведе врз грбот на работникот. Владата, рече, никого не почитува. Дека им се заканува на работниците од сите професии, на синдикатите, на новинарите, и дека почна да им се заканува и на амбасадорите.

– Меѓутоа се дрзнаа и отидоа до таму да им се закануваат и на децата. Тука ја прелија чашата. Бараме да си поднесат оставки. Бараме да ја ослободат Македонија од прангите во кои ја држат, да ги ослободат институциите и да им дозволат да си ја вршат својата функција – порача Ристески додека граѓани скандираа „Оставки!“.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Редовните професори во иднина ќе имаат реизбор по седум години, нови закони за високо образование

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите