По четвртата средба помеѓу МОН и претставници на Средношколскиот пленум, кој четири дена кампува пред зградата на Министерството, вицепремиерот Пешевски тврди дека немало преговори, туку дека само разговараат со една заинтересирана страна.
Тешко е да се каже дека официјално постојат преговори бидејќи секогаш се поставува прашањето на репрезентативност, но ги сослушавме и барањето на групата која протестира, рече вицепремиерот Владимир Пешевски.
Тој рече дека учениците треба од понеделник да се вратат во училиштата на настава бидејќи ова е конечното решение на Владата.
– Владата и Министерствтото за образование донесоа свој конечен став за начинот на кој што ќе се полага матурскиот испит оваа година. По консултации со заинтересирани страни, со ученици, родители, наставници и експерти, одлучивме оваа година матурскиот испи да се полага согласно стариот концепт, односно математиката да не биде задолжителна и да не постои електронското тестирање. Екстерното оценување ќе продолжи согласно постоечкиот концепт, но ќе има унапредување во идните години, рече Пешевски.
А.Б.