Италија побара екстрадиција на Албан Елези заради џихадизам

Од:

Италијанските власти побараа од албанските колеги да биде екстрадиран албанскиот државјанин Албан Елези, осомничен дека е дел од џихадистичка ќелија и оти поттикнувал и регрутирал борци за џихад додека престојувал во Италија, јави дописникот на МИА од Тирана.

По добиенотот барање, Министертвото за правда на Албанија се обратило до Обвинителството во албанскиот град Каваја, кое пак побарало од судот да дозволи екстрадиција на Елези, кому, во отсуство, од страна на судот во италијанскиот град Брешиа му е изречена мерка притвор, под обвинение за тероризам.

Елези е жител на селото Синај, кај Каваја а во моментот е во затворски притвор во затворот во Рогожина.

Инаку, италијанската полиција кон крајот на март откри група исламски екстремисти во Италија и Албанија, кои регрутирале борци за групата „Исламска држава“. Во Италија беа уапсени три лица, меѓу нив и внук на Елези, додека Албан Елези (38) беше упасен во Каваја.

Според полицијата групата имала контакт со Италијанец со мароканско потекло, кој е меѓу 65 странски борци од Италија во Сирија.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Пет работници загинаа во Палермо