Во дебарско помалку пожари од лани

Од:

Во изминатиот период од годинава во дебарско регистарани се помалку пожари спредено со лани овој период.

– Во овој период регистрирани се 25 пожари во објекти и технички средства, што значи над 20 отсто помалку, споредено со овој период лани.  Не е регистриран ни еден пожар на отворен простор, што според наша оценка е резултат на влажното време многуте дождови и снег, вели Џетан Мифтароски, командир на Територијалната противпожарна единица.

Според него освен помалиот број пожари, споредено со лани и причинетата материјална штета е многу мала.

Дебарската единица освен на подрачјето на општина Дебар пожари гасне и на подрачјето на општина Центар Жупа, а по потреба интервенира и во реканскиот крај, општина Маврово Ростуше.

– Добро сме опремени, како со противпожарни возила така и со опрема, а имаме и петнаесет пожарникари кои се секогаш подготвени да одговорат на предизвикот наречен пожар,  нагласува Мифтароски.

Во текот на 2014 година на територијата каде единицата интервенира, имало над 130 интервенции.

Би можело да ве интересира

ЕУ испраќа помош за повеќе од 250.000 луѓе евакуирани поради пожарите во Франција и Шпанија

А1он

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме

ЦУК: Пет пожари на отворено во државата до 13 часот, три сѐ уште активни

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен

А1он

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on