Превкусен кремаст колач кој многу лесно и брзо ќе го подготвите …
Потребно е:
500 гр кори за пита
за филот за корите:
3 поголеми јајца
3 лажици шеќер
200 мл масло
1/2 чаша (од 200 мл) пченичен гриз
1 кесичка прашок за пециво
малку изрендана кора од лимон
200 мл јогурт
за филот за штрудлата:
2 л млеко
20 лажици шеќер
6 пудинзи од ванила
Подготовка:
– Најпрво сварете ги пудинзите во млекото (како на упатството на кесичките). Оставете ги да се изладат со повремено мешање, за да на се фати коричка.
– Изматете ги јајцата со шеќерот и додадете ги маслото, гризот помешан со прашокот за пециво, јогуртот и кората од лимон.
– Преброите колку има кори и поделете ги на 4 дела, така да добиете 4 штрудли.
– Почнете со редење на корите. На првите три ставете по 3-4 лажици од филот за корите, а ма четвртата ставете од врелиот пудинг (филот за штрудлата) и замотајте. Истата постапка повторете ја со преостанатите кори.
– Штрудлите премачкајте ги со преостанатиот фил за корите, наредете ги во тава на хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25-30 минути.
– Почекајте да се излади, исечете ја на парчиња и посипете со шеќер во прав.