Подгответе го овој вкусен, енергетки богат и здрав рецепт …
Потребно е:
500 гр јаболки
300 гр суви смокви
50 гр бадеми
50 гр ореви
2 лажици мед
1 кесичка ванилин шеќер
2 лажичиња цимет
100 мл сок од некое темно овошје (аронија, боровници, капини, …)
Подготовка:
– Јаболките излупете ги и исечете ги на тенки кришки.
– Смоквите исчистете ги од дршките и исечете ги на поголеми парчиња.
– Во огноотпорна тава наредете половина од јаболките, над јаболките распоредете половина од смоквите, оревите и бадемите.
– Прелијте со 1 лажица мед и посипете со 1/2 кесичка ванилин шеќер и 1 лажиче цимет.
– Повторете ја истата постапка со преостанатите состојки и на крај прелијте со сокот.
– Ставете да се пече на умерена температура од 200 до 220 целзиусови степени додека не се запече горниот слој.