(ВИДЕО) Биљали: Потребни се масовни и трајни протести се до падот на оваа влада

Од:

Ние имаме хаварија во општеството, по сите сегменти како економијата, здравството и безбедносните прашања, ние не стагнираме, туку се враќаме назад во почетните позиции, рече професорот Мерсел Биљали, на денешната дебата во Гем клуб, во која неколку интелектуалци ја толкуваа политичката криза во земјава и можните излези.

Според професорот владејачката гарнитура се обидува да ги минира стабилните меѓуетнички односи преку случаи како инцидентот во Гошинце. Како што вели, тој инцидент е комплетна монтажа, а излезот од политичката криза го гледа во масовни демонстрации.

– Полека се создаваат услови за посериозна критична маса и за колективно спротивставување. Нешто ново се раѓа во Република Македонија земајќи ги во предвид студентите и средношколците. Општеството треба да се организира во масивни протести и да покажеме зрелост, да им дадеме лекција на идните власти. Масовните протести мора да бидат трајни и да се организираат се додека власта не падне – смета тој.

Според поранешниот министер Ѓунер Исмаил, пак, не е возможен увоз на криза во ситуација кога земја како Македонија е опкружена во 80 отсто во границите со земји кои се членки на НАТО, вклучувајќи го Косово каде меѓународната безбедносна организација е се уште присутна.

– Во Македонија подземното работење и криминалот се невозможен без соработка на државните структури. По само неколку саати воените експерти и командата од другата страна го растурија и разобличија случајот со Гошинце и ставија до знаење дека тоа не е производ на нивните поранешни соборци. Тоа не може да биде ништо друго освен подземје кое има тесни врски со подземјата во државните органи, во случајов министерството на госпоѓата што се претставува дека била жртва – рече Исмаил.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски