Нови промени на Фејсбук

Од:

Фејсбук воведува промени во своите „нотификации“, односно, известувања кои се појавуваат на профилот, па затоа корисникот покрај родендените на своите пријатели ќе може да види и уште некои интересни работи.

Нотификациите ќе бидат многу подинамични од досега, а Фејсбук со тоа тргнува во уште пожестока борба со конкурентските социјални мрежи.

– Ја тестираме подобрената ознака за нотификации на која ќе се појавуваат дополнителни релевантни содржини за се што може да ви биде од помош тој ден, изјави потпарол на Фејсбук.

Со новите промени нема да се дознава само чиј роденден е денес, туку ќе има и известувања за тоа кои пријатели ви се во близина и кои ресторани или барови работат.

Во известувањата ќе се најде и листа на настани на кои ќе присуствуваат ваши пријатели, како и други интересни случувања, теми и приказни кои во тој момент „сите ги читаат“ односно, се популарни на интеренет. 

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он