Турција во моментов е држава која прифаќа најголем број бегалци во светот и со свои сопствени средства им помага на сириските бегалци, изјави директорката на Програмата на Обединетите нации за развој, Хелен Кларк за весникот „Хуриет дејли њуз“.
Кларк нагласи дека во моментов Сирија ја продуцира најголемата бегалска криза во светот и ситуацијата во земјата се влошува.
Според неа постои веројатност оваа година над 800 илјади лица да ја напуштат Сирија. Кларк смека дека бројот на бегалците од Сирија и Ирак во Турција оваа година може да достигне 2,5 милиони лица.
Таа смета дека развиените земји треба да им пружат поголема помош на сиромашните земји за да ги елиминираат причините за миграција од зоните на конфликт и сиромаштија.
Кларк го отвори на 23 април регионалниот Центар на Програмата на ОН за развој во Истанбул. Таа посочи дека Центарот е отворен заради стратешка и логистичка поддршка на Турција.