Идеална комбинација за сите неодлучни: чоколадо и чизкејк во едно и превкусни освежителни јагоди …
Потребно е:
за брауни делот:
200 гр чоколадо
150 гр путер
180 гр шеќер во прав
2 јајца
прстофат сол
100 гр брашно
за чизкејк делот:
400 гр крем сирење
200 гр свежо сирење
4 лажици шеќер во прав
1 ванилин шеќер
2 јајца
400 гр јагоди
Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 170 целзиусови степени. Калап со дијаметар од 24 см обложете го со хартија за печење.
– Во сад на рингла на тивко растопете го чоколадото заедно со путерот. Потоа садот тргнете го од рингла и постепено додадете ги останатите состојки за брауни делот и изматете убаво.
– Горната смеса сипете ја во калапот и ставете да се пече во загреаната рерна околу 20 минути, односно додека не се направи коричка на горниот дел.
– Во меѓувреме во еден сад измешајте ги сите состојки за чизкејк делот и изматете ги убаво.
– Извадете го калапот од рерна и врз чоколадното тесто прелијте го кремот од сирење. Калапот вратете го во рерна и допечете го колачот од 30 до 35 минути.
– Печениот колач извадете го од рерна и оставете го на собна температура да се излади, а потоа преку ноќ оставете го во фрижидер.
– Утредента на врвот на тортата наредете ги сецканите јагоди.